- ВОВЕД
Проектот „Заедно за поквалитетно локално новинарство“ се спроведува во рамки на IPA 2020 EU FOR RULE OF LAW – EU support for Enhancing Journalists Rights”, a e финансиран од Европска Комисија.
Општата цел на проектот e зајакнување на капацитетите и промовирање на професионалните стандарди на новинарите од локалните медиуми.
Резултати на проектот:
Р1: Зајакнување на капацитетите на локалните новинари, посебно претставниците на етничките малцинства за практикување на истражувачко новинарство, дигитална и медиумска писменост, како и стандардите на човековите права во нивната работа;
Р2: Зајакнување на капацитетите на студентите по новинарство за професионален развој и креативно медиумско изразување преку практикантска работа;
Р3: Зајакнување на влијанието и соработката помеѓу локалните граѓански организации и локалните медиуми за промоција на новинарските права, поттикнување на борбата против сите форми на насилство врз новинарите, промоција на професионалните стандарди и слободата на говорот.
Целна група: Локални медиуми од проектните општини, сопственици, уредници, новинари и медиумски работници, граѓански организации и студенти по новинарство. Проектниот фокус опфаќа географска покриеност на западниот регион на Република Северна Македонија, вклучувајќи ги општините Гостивар, Тетово, Куманово, Шуто Оризари, Дебар, Кичево, Струга и Охрид.
2. РАМКА НА ЗАДАЧАТА
2.1. Цел на повикот:
Добивање на понуди од сите заинтересирани лица за да се обезбедат услуги за превод (пишан и/или симултан)/лектура за активности во рамки на проектот „Заедно за поквалитетно локално новинарство“.
2.2. Цел на задачата – превод/лекторирање:
– Пишан превод (од македонски на албански јазик) на вкупно 25 страни од Извештајот од спроведеното истражување за актуелната состојба, специфичните развојни потреби и ранливоста на локалните медиуми;
– Лектура (македонска верзија) на вкупно 25 страни од Извештајот од спроведеното истражување за актуелната состојба, специфичните развојни потреби и ранливоста на локалните медиуми;
– Симултан превод (од македонски на албански јазик) на две дводневни обуки за локални новинари и медиумски работници;
– Симултан превод (од албански на македонски јазик) на две дводневни обуки за локални новинари и медиумски работници.
2.3. Критериуми за селекција:
– Завршено високо образование;
– Претходно искуство во пишано/симултано преведување/лекторирање (наведени минимум 2 референци)*.
*Предност ќе имаат кандидатите со најмалку 3 години искуство во превод/лектура.
3. ЦЕНА НА ЗАДАЧАТА
3.1. Цена
Вкупните планирани финансиски средства според финансискиот план изнесуваат 1.575 евра во денарска противвредност односно:
– 250 евра во денарска противвредност за пишан превод (25 страни х 10 евра/страна);
– 125 евра во денарска противвредност за лектура (25 страни х 5 евра/страна);
– 600 евра во денарска противвредност за симултан превод (македонски – албански јазик) (1 преведувач х 4 дена х 150 евра/ден);
– 600 евра во денарска противвредност за симултан превод (албански – македонски јазик) (1 преведувач х 4 дена х 150 евра/ден).
Трошоците паѓаат на сметка на проектот „Заедно за поквалитетно локално новинарство“.
3.2. Начин на плаќање
Плаќањето ќе биде извршено по реализација на планираните активности на преведувачите/лекторите и по доставената временска рамка за извршување на задачите.
4. НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ:
Пријавувањето се врши со испраќање на CV, цена за пишан/симултан превод или лектура калкулирано по ден/страна, и доставување на минимум 2 референци од претходно искуство за ангажирање на вакви услуги.
Комплетните пријави треба да се достават најдоцна до 15.05.2023 (понеделник), до 16 часот, по електронска пошта на community.mediadev@gmail.com или дирекно до Архивата на МЕДИУМ (бул. Браќа Гиноски бр. 61, 1230 Гостивар).
Сите понудувачи кои доставиле понуди и ги исполнуваат условите ќе бидат разгледани од страна на евалуционата комисија и соодветно известени.