Во овој извештај се детектирани проблемите, предизвиците и пречките во функционирањето на локалните/регионалните медиуми во контекст на забрзаниот техничко-технолошки развој, особено по појавата на интернетот. Финансиските, кадровските и техничките проблеми ги оневозможуваат локалните медиуми да имаат одржлив развој, преку кој би ја исполниле нивната мисија за квалитетно и навремено информирање на јавноста за теми и настани од локален или регионален интерес. Преку комбинирана квалитативна и квантитативна методологија овој труд се стреми да дојде до кредибилни резултати кои веродостојно ќе ја отсликаат реалната состојба на функционирањето на медиумите во западниот регион на земјата. Исто така, се нудат и неколку можни решенија кои би биле соодветен одговор на актуелната ситуација на локалните медиуми.
Извештајот е изработен во рамки на проектот „Заедно за поквалитетно локално новинарство“ спроведуван од страна на Центарот за развој на медиумите на заедниците (МЕДИУМ) Гостивар, во партнерство со Институтот за човекови права (ИЧП) Скопје. Истиот е поддржан во рамките на Програмата ИПА 2020 ЕУ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО – „Поддршка од ЕУ за зајакнување на правата на новинарите“ и e финансиран од Европската Комисија.
Публикацијата може да ја прочитате на следниот линк: