За потребите на проектот „Заедно за поквалитетно локално новинарство“ кој се спроведува во рамки на IPA 2020 EU FOR RULE OF LAW – EU support for Enhancing Journalists Rights”, a e финансиран од Европска Комисија, Центарот за развој на медиумите на заедниците МЕДИУМ, објавува:
Барање за доставување на понуди за ангажирање на стручни лица за спроведување на две дводневни обуки.
1. Понудата доставена од физички лица треба да ги содржи следниве информации:
- Преглед на реализирани услуги (документ во прилог, прилог 1);
- Финансиска понуда (документ во прилог, прилог 2);
- Предложени експерти (документ во прилог, прилог 3);
- Кратка биографија на експертот (документ во прилог, прилог 4).
- Најмалку 2 (две) препораки за реализирани слични активности.
2. Понудата доставена од правни лица треба да ги содржи следниве информации:
- Тековна состојба на добавувачот не постара од една година;
- Преглед на реализирани услуги (документ во прилог, прилог 1);
- Финансиска понуда (документ во прилог, прилог 2);
- Предложени експерти (документ во прилог, прилог 3);
- Кратка биографија на двајца експерти (документ во прилог, прилог 4);
- Потпишана изјава за непостоење на услови за исклучување на добавувач (документ во прилог, прилог 5);
- Потпишана изјава за ексклузивност и достапност (документ во прилог, прилог 6).
- Најмалку 2 (две) препораки за реализирани слични активности на предложените експерти или правното лице.
Документацијата која се поднесува во копија треба да е заверена од добавувачот со печат и потпис од одговорното лице, со назнака „Верно на оргиналот“. Понудата се доставува во затворен коверт во архивата на Центар за развој на медиумите на заедниците МЕДИУМ (бул. Браќа Гиноски бр. 61, 1230 Гостивар). На надворешната страна на ковертот наведете: ,,За тендер Реф. Бр. 0503-174“ и текстот “Да не се отвора пред сесијата за евалуација”, а воедно да се специфицира за која обука аплицирате.
Документацијата која се доставува по е-пошта треба да се прати до community.mediadev@gmail.com и тоа скенирана, со печат и потпис од одговорното лице и во предмет на пораката да наведете ,,За тендер Реф. Бр. 0503-174“, а воедно и да се специфицира и за која обука аплицирате.
Понудата треба да се достави не подоцна од 09.10.2023 година (понеделник), до 16:00 часот.
*Забелешка: Поради поврзаноста на обуките и сродноста на темите, МЕДИУМ не го ограничува правото на заинтересираните понудувачи да аплицираат и за двете обуки доколку ги имаат соодветните компетенции согласно Повикот за ангажирање на стручни лица за спроведување на обуки, референтен број: 0503-174 .
Подетален опис на бараната услуга, условите за аплицирање, како и потребната документација може да најдете во прикачената тендерска документација.
Повик за ангажирање на експерти за спроведување на обуки
Упатство за оценување и избор на понудувачи
Во прилог ви ја доставуваме и потребната документација на располагање:
Прилог 1:Образец за преглед на реализирани услуги
Прилог 2: Образец за финансиска понуда
Прилог 3: Образец за предложени експерти
Прилог 4: Образец за кратка биографија на експертот
Прилог 5: Изјава за непостоење на услови за исклучување на добавувач – се однесува само за правни лица
Прилог 6: Изјава за ексклузивност и достапност – се однесува само за правни лица