ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА ДВА (2) ЕКСПЕРТИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ДВОДНЕВНА ОБУКА

За потребите на проектот „Чист град за чиста иднина“ кој се спроведува во рамки на програмата за подгрантирање на проектот „Младински активизам за позелени општини“, имплементиран од Македонското здружение на млади правници, Здружението за одржлив развој и заштита на животна средина Гоу Грин Скопје, Центарот за климатски промени и Здружението на млади Креактив, финансиски поддржан од Европската унија,

Центар за развој на медиумите на заедниците МЕДИУМ, објавува:

Повик за доставување на понуди за ангажирање на двајца (2) експерти за спроведување на дводневна обука која ќе води кон унапредување на знаењата и делувањето на Локалниот Младински Совет – Гостивар и младинските организации за застапување и лобирање на политиката за зачувување, заштита и унапредување на квалитетот на животната средина и квалитетот на живот на граѓаните.

За аплицирање потребно е да се достават следните документи:

  • Кратка биографија (CV) – (професионално портфолио кое задолжително ќе содржи листа на реализирани обуки со преглед на корисници на испорачаните обуки);
  • Предлог методологија за подготовка на обука (прилог 1);
  • Финансиска понуда (бруто износ во МКД со вклучен персонален данок на доход) (прилог 2).

Документите треба да се достават по е-пошта на community.mediadev@gmail.com со назнака:  Апликација за експерт за спроведување на обука за застапување наменета за членовите на Локалниот Младински Совет, младинските организации и активисти за решавање на проблеми во областа на животната средина.

Рокот за аплицирање е заклучно до 24.11.2023 (петок) до 16.00 часот.

Подетален опис на бараната услуга, условите за аплицирање, како и потребната документација може да најдете во прикачената тендерска документација.

Во прилог ви ја доставуваме и потребната документација за аплицирање на располагање: