ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА НОВИНАРИ/МЕНТОРИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПРАКТИКАНТСКА ПРОГРАМА

За потребите на проектот „Заедно за поквалитетно локално новинарство“ кој се спроведува во рамки на IPA 2020 EU FOR RULE OF LAW – EU support for Enhancing Journalists Rights”, a e финансиран од Европска Комисија, Центарот за развој на медиумите на заедниците МЕДИУМ, објавува:

Барање за доставување на понуди за ангажирање на ментори / новинари за спроведување на практикантска програма

Понудата доставена од физички лица треба да ги содржи следниве информации:

  • Преглед на реализирани услуги (документ во прилог, прилог 1);
  • Финансиска понуда (документ во прилог, прилог 2);
  • Кратка биографија на експертот (документ во прилог, прилог 3).
  • Најмалку 2 (две) препораки за реализирани слични активности.

Документацијата која се поднесува во копија треба да е заверена од добавувачот со печат и потпис од одговорното лице, со назнака „Верно на оргиналот“. Понудата се доставува во затворен коверт во архивата на Центар за развој на медиумите на заедниците МЕДИУМ (бул. Браќа Гиноски бр. 61, 1230 Гостивар). На надворешната страна на ковертот наведете: ,,За тендер Реф. Бр. 0503-233“ и текстот “Да не се отвора пред сесијата за евалуација”.

Документацијата која се доставува по е-пошта треба да се прати до community.mediadev@gmail.com и тоа скенирана, со печат и потпис од одговорното лице и во предмет на пораката да наведете ,,За тендер Реф. Бр. 0503-233“.

Понудата треба да се достави најдоцна до 29.02.2024 година (четврток), до 16:00 часот.

Подетален опис на бараната услуга, условите за аплицирање, како и потребната документација може да најдете во прикачената тендерска документација.

Во прилог ви ја доставуваме и потребната документација на располагање: