Центарот за развој на медиумите на заедниците МЕДИУМ од Гостивар вчера на 11.05.2017 одржа отворена јавна дебата посветена на актуелизирање на борбата против корупцијата.

На настанот присуствуваа новинари од локалните медиуми, како и претставници на невладини организации од проектните општини Гостивар, Тетово и Кичево.

Главна цел на јавната дебата беше актуелизирање на борбата против корупцијата на локално ниво и презентирање на проблематиката и трите истражувачки стории подготвени во рамките на проектот „Анти – корупциска вест на локалните медиуми“ спроведуван од страна на Центар за развој на медиумите на заедниците МЕДИУМ Гостивар.

Учесниците на настанот преку дебатата која се отвори, генерално го застапуваа мислењето дека сите имаме значително влијание врз борбата против корупцијата, меѓутоа потребен е поголем импакт и зголемена проактивност за подобрување на генералната слика. Потребно е известување за корупцијата, зајакнување на истражувачкото новинарство, како и будење на граѓанскиот активизам за да се подигне јавната свест, со што би се создале посилни основи за поефикасна борба против корупцијата.

Новинарските истражувачки стории од областа на анти-корупцијата се споделени со сите локални медиуми за објавување, а ќе им бидат достапни и за сите соработници на проектот.
Проектот „Анти-корупциска вест на локалните медиуми“ се спроведува во рамките на заедничкиот проект „Истражувачко новинарство – чувар на демократијата и човековите права“ на Центарот за управување со промени (ЦУП) од Скопје во соработка со Институтот за човекови права (ИЧП) од Скопје, финансиран од Европската Унија преку Програмата за поддршка на граѓанскиот сектор и слободата на медиумите 2014 и кофинансиран од Британска амбасада Скопје.