Наслов на проектот: Достоинство за гласот на жените!
Постигнати цели:
- подигнување на свеста кај жените од руралните средини за процесот на демократизација и за правото на глас.
Реализирани активности:
- презентирање на позитивни примери на успешни и почитувани жениво руралните заедници кои слободно можат да ги изразат своите права;
- промовирање на дијалог меѓу политичките партии и локалната власт да ги охрабри жените од руралните средини слободно да го изразуваат и нивните мажи да го почитуваат правото на глас.
Резултати:
- разбудување на свеста на жените од руралните средини за слободно изразување на своите права, како и правото на глас;
- охрабрување за слободно изразување на ова право;
- разбудување на свеста за важноста на индивидуалното право на глас за развојот на една демократија.
Наслов на проектот: Медиумите во борбата против корупцијата на локално ниво.
Постигнати цели:
- подигнување на свеста на новинарите/уредниците, граѓанското општество и медиумите во Гостивар, Кичево и Тетово за последиците од корупцијата и негативно влијание во развојот на општеството и сиромаштијата.
Реализирани активности:
- 22 новинари/уредници од локални медиуми и 6 претставници од граѓански организации од Гостивар, Тетово и Кичево беа обучени за правната рамка во областа на анти-корупцијата и истражувачко новинарство;
- подготвени и дистрибуирани брошури со информации за правната рамка и институции и организации кои работат на полето на спречување на корупцијата;
- доделени награди за најдобра сторија/новинар.
Резултати:
- зголемено медиумско производство (ТВ и радио приказни и статии) за случаи на корупција;
- подобрување на професионално ниво на локалните медиуми во Гостивар, Кичево и Тетово;
- зголемување на нивото на соработка помеѓу медиумите и граѓанското општество во борба против корупцијата;
Наслов на проектот: Кој род е Охридскиот рамковен договор?!
Постигнати цели:
- интегрирање во концептот на родова интеграција со фокус на жените од етничките малцинства во процесот на имплементација на Охридскиот рамковен договор.
Реализирани активности:
- родова проценка на нивото на вклученост на жените од етничките малцинства во политичките и развојните процеси;
- предлог на мерки за вклучување и зајакнување на нивната позиција во институции/организации.
Резултати:
- подигнување на свеста за унапредување на положбата на жените од етничките малцинстваво општеството преку промовирање на концептот на родовата рамноправност и родовата перспектива во развојот на локалната политика.
Подготовка на комуникациска стратегија за граѓански здруженија од Гостивар
Комуникациската стратегија како алатка наменета за граѓанските здруженија им овозможува подобра комуникација и координација со граѓаните и медиумите. Со стратегијата се идентификуваа клучните области на делување, слабите и силните страни на здруженијата во комуникацијата и видливоста на истите, а се понудија и активности со кои заканите и слабите стране треба да се надминат. Стратегијата е со временски период на реализација од 3 години и истата содржи цели и очекувани резултати.
Медиумска кампања за проектот под наслов „Подобрување на меѓукултурниот дијалог во мултикултурни општини“
Преку кампањата различноста е во мода, се јакнеше свеста на населението за важноста од толеранција во мултикултурно опкружување и имаше за цел да ги подобри меѓуетничките односи во мултиетнички општини. Оваа кампања беше емитувана на локалните медиуми од Западна Македонија кои ја емитуваа кампањата на албански и македонски јазик.