Повик за предлог проекти во рамките на проектот „ЗАЕДНО ЗА ПОКВАЛИТЕТНО ЛОКАЛНО НОВИНАРСТВО“

Центарот за развој на медиумите на заедниците МЕДИУМ, во партнерство со Институтот за човекови права, во рамките на заедничкиот проект „Заедно за поквалитетно локално новинарство“, финансиран од Европската Унија преку ИПА III програмата за граѓанско општество и медиуми 2021, објавуваат повик за доделување на грантови за граѓански организации (ГО). Грантовите се доделуваат за акции во рамки на грантовата шема на проектот „Заедно за поквалитетно локално новинарство“.

Во рамките на овој повик ќе се доделат 4 мали грантови со максимален износ од 3.000 евра по грант. Вкупниот износ на повикот е 12.000 евра.   

Целта на овој повик  е да се обезбеди поддршка за 4 (четири) граѓански организации на локално ниво кои работат кон зајакнување на капацитетите и промовирање на професионалните стандарди на новинарите од локалните медиуми. Грантовите ќе се доделуваат на ГО кои остваруваат активности за заштита и унапредување на правата на новинарите, работните односи, медиумската етика, пристап до информации, медиумска писменост и сл. и кои се регистрирани во една од проектните општини: Гостивар, Тетово, Дебар, Кичево, Куманово, Охрид, Струга и Шуто Оризари.

Од заинтересираните ГО се очекува да поднесат проектни апликации во кои ќе ги образложат своите иновативни акции насочени кон зајакнување на капацитетите и промовирање на професионалните стандарди на новинарите од локалните медиуми. Предложените акции треба да се во насока на тематските области на Повикот:

  1. ЗАШТИТА
    – развој на поволна средина за заштита и остварување на правата на новинарите и подобрување на медиумското известување во согласност со професионалните и етичките новинарски стандарди;
  2. ПРОМОЦИЈА
    – промовирање независно и истражувачко новинарство преку заштита на правото на слобода на изразување;
  3. ЗАСТАПУВАЊЕ
    – застапување за подобри работни услови и промовирање на закони, стандарди и практики кои ја штитат слободата на изразување;
  4. ПРЕПОЗНАВАЊЕ
    – справување со дезинформации, пропаганда и говор на омраза, промовирање на медиумска писменост и родова еднаквост.

Организациите кои ќе се пријават на Повикот мора да предложат акции кои се спроведуваат во соработка со локален медиум (телевизија, радио, интернет портал). За тоа треба да поднесат и пишан доказ за партнерство, т.е. Изјава за партнерство.

Спроведувањето на акциите треба да се одвива во времетраење од максимум 4 (четири) месеци. Акциите може да започнат најрано во јули 2024 година, а мора да завршат најдоцна до ноември 2024 година.

Апликацијата за грант се состои од:

Во прилог на пријавата задолжително се доставуваат и:

  • Тековна состојба од Централен регистар за апликантот не постара од шест месеци.
  • Кратки биографии на клучниот персонал кој ќе биде вклучен во реализацијата на проектот.

Обрасците треба да бидат пополнети електронски. Рачно пишувани апликации нема да бидат земени предвид.

Целосната апликација (Образецот за пријавување (Прилог 1), Образец за предлог – буџет (Прилог 2), Изјава за партнерство од локалниот медиум (Прилог 3), тековна состојба од Централен регистар за апликантот не постара од шест месеци и кратки биографии на клучниот персонал кој ќе биде вклучен во реализацијата на проектот) треба да биде поднесена од една организација – Носителот на проектот – со која ќе биде потпишан договор за грант доколку предложената акција е избрана за финансирање.

Образецот и останатите документи кои се дел од пријавата треба да бидат испратени по мејл на community.mediadev@gmail.com, не подоцна од 13 јуни 2024 година до 16 часот. Сите апликации кои ќе пристигнат по истекувањето на рокот за пријавување нема да бидат земени во предвид.

Сите прашања во врска со повикот треба да се испратат исклучиво преку е-пошта на: community.mediadev@gmail.com, најдоцна до 07.06.2024 година, до 16:00 часот.

Информативна сесија ќе се одржи на онлајн платформата ZOOM на 30.05.2024 во 11 часот.

Подетални информации за Повикот за граѓански организации може да најдете на следниот линк: