ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА 1 (ЕДЕН) ИСТРАЖУВАЧ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АНКЕТА И ИЗРАБОТКА НА ИЗВЕШТАЈ ЗА МИСЛЕЊЕТО НА МЛАДИТЕ ОКОЛУ ЕКОЛОШКАТА СОСТОЈБА ВО ГРАД ГОСТИВАР

Здружението Центар за развој на медиумите на заедниците МЕДИУМ во рамки на проектот „Чист град за чиста иднина“ имплементиран од Центар за развој на медиумите на заедниците МЕДИУМ, во партнерство со Здружение за обезбедување социјални услуги -”СОЦИО”, а во рамки на програмата за подгрантирање на проектот „Младински активизам за позелени општини“, имплементиран   од Македонското здружение на млади правници, Здружението за одржлив развој и заштита на животна средина Гоу Грин Скопје, Центарот за климатски промени и Здружението на млади Креактив, финансиски поддржан од Европската унија на ден 22.12.2023 година објавува:

ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ИСТРАЖУВАЧ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ АНКЕТА И ИЗРАБОТКА НА ИЗВЕШТАЈ ЗА МИСЛЕЊЕТО НА МЛАДИТЕ ОКОЛУ ЕКОЛОШКАТА СОСТОЈБА ВО ГРАД ГОСТИВАР

За аплицирање потребно е да се достават следните документи:

  • Детална  биографија (CV) во која ќе бидат наведени референци со кои се потврдува исполнувањето на условите;
  • Доставување на професионално портфолио кое задолжително ќе содржи листа на реализирани истражувања;
  • Предлог методологија за спроведување на истражување (прилог 1);
  • Финансиска понуда (бруто износ во МКД со вклучен персонален данок на доход) (прилог 2).

Потребните документи треба да се достават во електронска верзија на е-пошта: community.mediadev@gmail.com со назнака:  Апликација за истражувач – истражување на мислењето на младите околу еколошката состојба во општина Гостивар.

Рокот за аплицирање е заклучно до 29.12.2023 (петок) до 16.00 часот.

Подетален опис на бараната услуга, условите за аплицирање, како и потребната документација може да најдете во прикачената тендерска документација.

Повик за ангажман на истражувач

Во прилог ви ја доставуваме и потребната документација за аплицирање на располагање:

Прилог 1. Образец за понудена методологија

Прилог 2. Формулар за финансиски понуди-истражувач