Здружението Центар за развој на медиумите на заедниците МЕДИУМ во рамки на проектот „Чист град за чиста иднина“ во соработка со Здружението за обезбедување социјални услуги СОЦИО, во рамки на програмата за подгрантирање на проектот „Младински активизам за позелени општини“, имплементиран од Македонското здружение на млади правници, Здружението за одржлив развој и заштита на животна средина Гоу Грин Скопје, Центарот за климатски промени и Здружението на млади Креактив, финансиски поддржан од Европската унија на ден 21.02.2024 година објавува:
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИБИРАЊЕ ПОНУДИ ЗА НАБАВКА И МОНТАЖА НА КОРПИ ЗА ОТПУШОЦИ
ПРЕДМЕТ НА ЈАВНА НАБАВКА
Предмет на јавна набавка се изработка и монтажа на 6 (шест) корпи за отпушоци. Секоја од корпите за отпушоци е потребно да ги имаат следните спецификации:
• Димензии на корпите за отпушоци: ширина од 350мм, длабочина од 90мм како и висина од 595мм.
• Секоја од корпите треба да биде поделена на два посебни дела за одлагање на отпушоците.
• На предната страна на корпите е потребно да се остави место за поставување на одредено прашање со што граѓаните би можеле да го изразат својот став по однос на поставеното прашање со одлагање на својот отпушок во еден од деловите на корпите за отпадоци. Системот за гласање поттикнува користење на корпите на отпадоци.
• Просторот за одлагање на отпушоците потребно е да биде изработен од црн алуминиумски никулец кој ќе ги минимизира дамките од тутун.
• Секоја од корпите потребно е да биде обезбедена со две високо квалитетни брави од страната кои ќе се користат за празнење и чистење .
• Секоја од корпите потребно е да може да се монтира на столбови со прицврствување или да може да се постави директно на ѕид.
• Металот е потребно да биде отпорен на ‘рѓосување и надворешни влијанија.
• Сите шевови и остри рабови да се заварени и заоблени.
• Стаклото е врзано за да биде тешко да се скрши.
КРИТЕРИУМИ
Изборот на најповолен добавувач ќе се прави според принципот „најниска понудена цена“.
Во прилог на понудата треба да се достави и следната документација:
1) Фотографија од претходно изработени слични продукти согласно спецификацијата;
2) Финансиската понуда (Прилог 1);
3) Изјава за непостоење на услови за исклучување на добавувач (Прилог 2).
Понудата се доставува во затворен коверт до архивата на Центар за развој на медиумите на заедниците МЕДИУМ (бул. Браќа Гиноски бр. 61 1230 Гостивар) или скенирана преку е – пошта community.mediadev@gmail.com
Понудата со придружните документи потребно е да се достави заклучно до 29.02.2024 до 16:00 часот.
Сите понудувачи кои доставиле понуди и ги исполнуваат условите ќе бидат разгледани од страна на евалуционата комисија и соодветно известени.
Понудите што ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние кои не се изработени според условите на повикот, нема да бидат земени предвид. Секој добавувач може да учествува само со една понуда.
Подетален опис на бараната услуга, условите за аплицирање, техничката спецификација, како и потребната документација може да најдете во прикачената тендерска документација.
Во прилог ви ја доставуваме и потребната документација на располагање:
