КОНКУРС за изработка на истражувачки стории

Здружението „Центар за развој на медиумите на заедниците МЕДИУМ“ од Гостивар, во партнерство со „Балкански институт за регионална соработка“ од Тетово во рамки на проектот „Нови медиуми за стари предизвици“ објавува:

КОНКУРС за изработка на истражувачки стории
Со овој конкурс ги покануваме новинарите од разни медиуми да понудат предлог – теми за подготовка на истражувачки стории со фокус на начините, случаите и мотивите за манипулација, како и предизвиците со кои се соочуваат уредниците и новинарите од веб порталите опфаќајќи ги проектните региони Полошки, Скопски, Југозападен и Североисточен регион.

Во рамки на проектот, предвидено е да бидат изработени 3 истражувачки стории. Истите ќе бидат финансирани од проектот „Нови медиуми за стари предизвици“ во вкупен износ од 12.000 денари (бруто износ).
Промоцијата на конкретните истражувачки стории ќе биде овозможена преку веб и фејсбук страната на МЕДИУМ и БИРС, како и на заинтересираните локалните медиуми од проектните региони.
Пријавувањето се врши со испраќање на пријава (Прилог 1), како и работна биографија, CV (Прилог 2) на новинарот. Комплетните пријави треба да се достават преку електронска пошта до community.mediadev@gmail.com најдоцна до 23 февруари 2018 година (петок).

Во прилог ги доставуваме Пријавата (прилог 1) и Урнек на работна биографија (Прилог 2).

https://drive.google.com/open?id=1LhcS8hHyYXH_tnmYbdXoyCfuRrPf8KVh