Барање за доставување на понуди за подготовка на ПР кампања во рамки на проектот „Заедно во борба против корупцијата“

Референтен број: 0503-74

Предмет: Барање за доставување на понуди за обезбедување на услуга – подготовка на ПР кампања во рамки на проектот „Заедно во борба против корупцијата“.

Почитувани,

Центарот за развој на медиумите на заедниците МЕДИУМ, Ве поканува да доставите понуда за испорака на услуги – подготовка на ПР кампања за потребите на проектот: „Заедно во борба против корупцијата“. Проектот е имплементиран од Центар за истражувачко новинарство СКУП Македонија, во соработка со партнерските организации Институт за човекови права од Скопје и Центар за развој на медиумите на заедниците МЕДИУМ. Проектот „Заедно во борба против корупцијата” е финансиран од Делегација на Европска Унија, преку ИПА програмата – Инструмент за граѓанско општество и медиуми 2016 – 2017.

Во прилог на понудата треба да се достави и следната документација:

  • тековна состојба на добавувачот не постара од една година;
  • Прилог 1: Формулар за понуда;
  • Прилог 2: Образец за преглед на реализирани услуги;
  • Прилог 3: Изјава од овластеното лице за непостоење на услови за исклучување на добавувач.

Понудата се доставува во затворен коверт во архивата на Центар за развој на медиумите на заедниците МЕДИУМ (бул. Браќа Гиноски бр. 61 1230 Гостивар) или скенирана преку е-пошта на community.mediadev@gmail.com

Документацијата која се поднесува во копија треба да е заверена од добавувачот со печат и со потпис од одговорното лице, со назнака „Верно на оригиналот“.

На надворешната страна на ковертот наведете: ,,За тендер Реф. Бр. 0503-74“ и текстот “Да не се отвора пред сесијата за евалуација”.

Доколку понудата се праќа преку email, документите со печат и со потпис, мора да се скенирани.

Понудата треба да се достави во рок од 5 работни дена, но не подоцна од 05.07.2019 година (петок), до 16:00 часот.

Сите понудувачи кои доставиле понуди и ги исполнуваат условите ќе бидат разгледани од страна на евалуционата комисија и соодветно известени за одлуката.

Во прилог ги доставуваме Прилог 1: Формулар за понуда, Прилог 2: Образец за преглед на реализирани услуги, Прилог 3: Изјава од овластеното лице за непостоење на услови за исклучување на добавувач, како и Упатство за оценување и избор на понудувачи.

Прилог 1: Формулар за понуда

https://drive.google.com/open?id=1J0N3gbBOoVjimr9vCDU-4A6dlCZZRK8G

Прилог 2: Образец за преглед на реализирани услуги

https://drive.google.com/open?id=1suPXLB9G1JNnI3TZ28QOxHQOvmkkHTDJ

Прилог 3: Изјава од овластеното лице за непостоење на услови за исклучување на добавувач

https://drive.google.com/open?id=1WkzqsAcF_mbg-IKFNh-f5ZDBbd-gBf2P

Упатство за оценување и избор на понудувачи

https://drive.google.com/open?id=1o53DMEkYvqECxuqUcMFeVWGJqAcGO60P

ОВОЈ ПРОЕКТ Е ФИНАНСИРАН ОД ЕВРОПСКАТА УНИЈА