Центар за развој на медиумите на заедниците, Медиум од Гостивар во рамките на проектот „Заедно за поквалитетно локално новинарство” обезбеди поддршка за 4 (четири) граѓански организации на локално ниво од општините: Гостивар, Дебар, Кичево и Шуто Оризари, кои работат кон зајакнување на капацитетите и промовирање на професионалните стандарди на новинарите од локалните медиуми.
За потребите на проектот „Заедно за поквалитетно локално новинарство“ кој се спроведува во рамки на IPA 2020 EU FOR RULE OF LAW – EU support for Enhancing Journalists Rights”, a e финансиран од Европска Комисија, Центарот за развој на медиумите на заедниците МЕДИУМ, објавува:
Јавен повик за изработка на две кратки видеа
Задачи и обврски на физичкото/правното лице за изработка на две кратки видеа:
– Изработка на две кратки видеа со максимално времетраење од по 2 минути во целосна HD резолуција, погодни за споделување на социјални медиуми, изработени во соодветни формати. Видеата треба да содржат краток опис текст, слики и кратки инсерти од видеа за секое Здружение посебно. Двете кратки видеа треба да бидат достапни на македонски / албански јазик.
Понудата доставена од физички лица треба да ги содржи следниве информации:
- Кратка биографија на експертот (документ во прилог, прилог 1);
- Предлог финансиска понуда (документ во прилог, прилог 2);
Понудата доставена од правни лица треба да ги содржи следниве информации:
- Тековна состојба
- Кратка биографија на експертот (документ во прилог, прилог 1);
- Предлог финансиска понуда (документ во прилог, прилог 2);
Потребните документи да се достават по е-маил community.mediadev@gmail.com, најдоцна до: 02.12.2024 до 16 часот или во архивата на МЕДИУМ на адреса: Бул. Браќа Ѓиноски 61, Гостивар.
Подетален опис на бараната услуга, условите за аплицирање, како и потребната документација може да најдете во прикачената тендерска документација.
Во прилог ви ја доставуваме и потребната документација на располагање:
