ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА НАДВОРЕШЕН ЕВАЛУАТОР ЗА ОЦЕНКА НА ПРЕДЛОГ-ПРОЕКТИ

За потребите на проектот „Заедно за поквалитетно локално новинарство“ кој се спроведува во рамки на IPA 2020 EU FOR RULE OF LAW – EU support for Enhancing Journalists Rights”, a e финансиран од Европска Комисија, Центарот за развој на медиумите на заедниците МЕДИУМ, објавува:

Барање за доставување на понуди за ангажирање на надворешен евалуатор за оценка на предлог-проекти согласно активниот Повик за предлог-проекти во рамки на проектот „Заедно за поквалитетно локално новинарство“

Понудата доставена од физички лица треба да ги содржи следниве информации:

  • Кратка биографија на евалуаторот (документ во прилог, прилог 1);
  • Mотивационо писмо со опис на вашите квалификации, способности и достигнувања согласно Повикот (документ во прилог, прилог 2);
  • Финансиска понуда (документ во прилог, прилог 3)
  • Една препорака (референца) за реализирани слични услуги.

Документацијата која се поднесува во копија треба да е заверена од добавувачот со потпис од физичкото лице, со назнака „Верно на оргиналот“. Понудата се доставува во затворен коверт во архивата на Центар за развој на медиумите на заедниците МЕДИУМ (бул. Браќа Гиноски бр. 61, 1230 Гостивар). На надворешната страна на ковертот наведете: ,,За тендер Реф. Бр. 0503-278“ и текстот “Да не се отвора пред сесијата за евалуација”.

Документацијата која се доставува по е-пошта треба да се прати до community.mediadev@gmail.com и тоа скенирана, со потпис од физичкото лице и во предмет на пораката да наведете ,,За тендер Реф. Бр. 0503-278“.

Понудата треба да се достави најдоцна до 11.06.2024 година (вторник), до 16:00 часот.

Подетален опис на бараната услуга, условите за аплицирање, како и потребната документација може да најдете во прикачената тендерска документација.

Во прилог ви ја доставуваме и потребната документација на располагање: