Почитувани,
Центарот за развој на медиумите на заедниците МЕДИУМ од Гостивар Ве поканува да учествувате на обука за организациско и професионално јакнење на веб порталите од Скопскиот и Североисточниот регион од Р. Македонија.
Обуката ќе се одржи на 05.10.2017 година (четврток), со почеток во 10 часот, во ГЕМ Клуб Скопје.
Целта на обуката е зајакнување на капацитетите на онлајн медиумите и подобрување на професионализмот кај истите преку:
– презентација и споделување на резултатите од проценката на состојбата и положбата на онлајн медиумите;
– промоција на новинарскиот кодекс и законската рамка;
– промоција на новинарски техники и методи за професионалност и транспарентност пред реципиентите;
– практики, искуства и акцентирање на важноста од примена на новинарски техники и методи.
Обуките ќе придонесат кон развој на професионалноста на онлајн медиумите при пласирање на информации и сензитивни теми од меѓуетнички карактер. Исто така, резултатите ќе целат кон медиумска саморегулатива, почитување на етичките принципи на професионалното новинарство и постигнување на баланс и рамнотежа помеѓу т.н позитивно и негативно дефинираните слободи.
Проектот „Нови медиуми за стари предизвици“ е финансиран и поддржан од Цивика Мобилитас, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), кој го спроведуваат NIRAS од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Шведскиот институт за јавна администрација (SIPU).
Ве молиме потврдете го Вашето присуство најдоцна до 04.10.2017, 16:00 часот.
Патните трошоци на учесниците надвор од Скопје ќе бидат надоместени.
