Oбука за организациско и професионално јакнење на веб порталите од Скопскиот и Североисточниот регион од Р. Македонија

Центарот за развој на медиумите на заедниците МЕДИУМ од Гостивар, во партнерство со Балканскиот институт за регионална соработка БИРС од Тетово, вчера на 05.10.2017 одржа обука за организациско и професионално јакнење на веб порталите.

На обуката присуствуваа уредници, новинари и претставници на веб портали од Скопскиот и Североисточниот дел на Р. Македонија.

Главната цел на обуката беше зајакнување на капацитетите на онлајн медиумите и подобрување на професионализмот кај истите преку промоција на новинарскиот кодекс и законската рамка и промоција на новинарските техники и методи за професионалност и транспарентност пред реципиентите.

Воедно на самиот почеток од обуката беа споделени и резултатите од мониторингот, анкетирањето и проценката на состојбата и положбата на онлајн медиумите.
Учесниците беа вклучени во интерактивна дебата, споделувајќи сопствени практики и искуства, како и проблеми со кои се соочуваат. Настанот медиумски беше покриен од Телевизија 21.
Обуките во рамки на проектот придонесуваат кон развој на професионалноста на онлајн медиумите при пласирање на информации и сензитивни теми од меѓуетнички карактер. Исто така, резултатите целат кон медиумска саморегулатива, почитување на етичките принципи, како и постигнување на баланс и рамнотежа помеѓу предизвикот кој го нудат новите медиуми и она што го бара вистинското професионално новинарство.
Проектот „Нови медиуми за стари предизвици“ е финансиран и поддржан од Цивика Мобилитас, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), кој го спроведуваат NIRAS од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Шведскиот институт за јавна администрација (SIPU).