Тркалезна маса: „Како подобро да се искористат капацитети од соработката помеѓу онлајн медиумите и граѓанските организации“?

Почитувани,

Центарот за развој на медиумите на заедниците МЕДИУМ Ве поканува да учествувате на отворена дебата на тема: „Како подобро да се искористат капацитетите од соработката помеѓу онлајн медиумите и граѓанските организации“ во Полошкиот регион од Р. Македонија.
Тркалезната маса ќе се оддржи на 19.12.2017 година (вторник), со почеток во 11 часот, во хотел Лирак Тетово.
Тркалезната маса ќе овозможи вмрежување на новинарите и претставниците од граѓанскиот сектор со цел да се подобри меѓусебната соработка. Соработката ќе придонесе кон развој на професионалноста на онлајн медиумите при пласирање на информации за објективно и непристрасно информирање.
Дневен ред:
11:00 – 11:15 – Регистрација
11:15 – 11:35 – Сефер Тахири (прв излагач)
11:35 – 12:00 – Астрит Реџепи (втор излагач)
12:00 – 12:30 – Дискусија
12:30 – 13:00 – Освежување
Проектот „Нови медиуми за стари предизвици“ е финансиран и поддржан од Цивика Мобилитас, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), кој го спроведуваат NIRAS од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Шведскиот институт за јавна администрација (SIPU).
Ве молиме потврдете го Вашето присуство најдоцна до 18.12.2017 (понеделник), 16:00 часот.