Достапен прирачник за новинарство во онлајн медиумите
Во рамки на проектот „Нови медиуми за стари предизвици“, Центар за развој на медиумите на заедниците МЕДИУМ, во партнерство со Балкански институт за регионална соработка БИРС, изработи Прирачник за новинарство во онлајн медиумите.
Медиумската неписменост наметна потреба од печатење на ваква публикација која првенствено е наменета за новинарите, уредниците и медиумските работници кои учествуваат во создавањето на медиумски содржини кои се објавуваат во онлајн медиумите.
Прирачникот е достапен на македонски и албански јазик, а сите заинтересирани новинари може да го добијат со контактирање на тимот на МЕДИУМ преку е-пошта: community.mediadev@gmail.com
Публикацијата е поддржана од „Цивика мобилитас”, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), кој го спроведуваат NIRAS од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) од Македонија и Шведскиот институт за јавна администрација (SIPU) од Шведска.“
