ВОВЕД
Здружението Центар за развој на медиумите на заедниците МЕДИУМ објавува повик за ангажирање на експерти за изработка на правен речник за новинари за потребите на проектот „Заедно во борба против корупцијата“.
Проектот „Заедно во борба против корупцијата“ е финансиран од Делегација на Европска Унија, преку ИПА програмата – Инструмент за граѓанско општество и медиуми 2016 – 2017.
Општата цел на проектот e поддршка и зајакнување на локалните граѓански организации и медиуми за да служат како чувари на локалната и државната администрација и вложување на јавен притисок за да се намали нивото на корупција.
Резултати на проектот:
Р1: Зајакнати капацитети на новинарите и граѓанските активисти, посебно претставниците на етничките малцинства во мониторирање и детектирање на корупција, како и известување за неа;
Р2: Подобрување на амбиентот во македонските национални телевизии за продукција и емитување на истражувачки стории;
Р3: Подобрена фактографска обработка на податоци кои покажуваат коруптивни практики на јавни функционери;
Р4: Зголемена продукција на истражувачки стории од страна на локални медиумски работници (новинари) во областа на (анти)корупцијата;
Р5: Зајакнати и препознатливи граѓански организации како кредибилни актери во процесите за борбата против корупцијата;
Р6: Подигната свест за коруптивни практики.
Целна група: Истражувачки новинари, граѓанските организации, Државно обвинителство, Јавно обвинителство, Јавни функционери, Судство, Влада, Државна комисија за спречување на корупција, катастарска агенција, јавноста, Биро за јавни набавки, медиуми, Централен регистар.
Со повикот ќе бидат избрани двајца (2) експерти кои ќе бидат одговорни за изработка на Правен речник наменет за новинарската фела.
За таа цел заинтересираните кандидати треба да ги достават следните документи: Прилог 2. Пријава за изработка на правен речник, Прилог 3. Кратка биографија и Прилог 4. Референци од претходно искуство. Подетални информации за бараниот ангажман се дадени во Прилог 1: Опис на надлежности.
ПРИЛОГ 1: Опис на надлежности
1. РАМКА НА ЗАДАЧАТА
1.1 Опис на задачата:
Еспертската задача се состои од изработка на правен речник за новинари кој ќе содржи правни термини кои се најчесто потребни за едно истражувачко известување за коруптивни активности. Правниот речник треба да содржи збир на дефиниции на правни поими и фрази од македонското законодавство со кои новинарите може да се соочат во секојдневното следење настани или известување.
Целта на оваа задача е доближување на правните поими до новинарската фела за полесно разбирање и нивна употреба во продукцијата на истражувачко известување и стории од областа на анти-корупцијата.
Со овој повик ќе бидат избрани двајца (2) експерти – еден правник и еден новинар кои ќе бидат одговорни за изработка на Правниот речник.
1.2 Специфични активности:
Од експертите се очекува:
– подготовка и концепт на систематизирање на правните поими кои се најчесто потребни за истражувачко известување за коруптивни активности;
– дефинирање и избор на правни поими;
– објаснување на избраните правни поими преку исцрпни и разбирливи дефиниции;
– изработка на правен речник наменет за новинари.
Правниот речник треба да биде поделен во организирани делови и да содржи најчесто користени правни термини со нивно детално објаснување.
По изработката, онлајн верзијата на правниот речник наменет за новинарите ќе биде објавен на веб страниците на имплементаторот на проектот Центар за истражувачко новинарство СКУП, како и на веб страниците на партнерските организации: Центар за развој на медиумите на заедниците МЕДИУМ и Институтот за човекови права ИЧП.
Извештајот ќе содржи максимум 50 страници, а ќе биде достапен и во печатена двојазична верзија преку вкупно 200 примероци на македонски и на албански јазик. Печатените примероци ќе бидат дистрибуирани до сите новинари кои ќе бидат вклучени во рамките на самиот проект.
2. ВРЕМЕНСКА РАМКА
2.1 Датум на започнување и период на спроведување на специфичните активности
Планиран период за ангажман на двајца (2) експерти се вкупно 20 дена за подготовка и изработка на правен речник за новинари во периодот на месец јуни.
2.2 ЦЕНА
Вкупните планирани финансиски средства според финансискиот план за ангажман изнесуваат 3000 ЕУР во денарска противвредност кои ќе бидат распределени помеѓу експертите. (1 експерт x 150 ЕУР/дневно х 10 дена ангажман = 1500 ЕУР во денарска противвредност – бруто износ).
Трошоците паѓаат на сметка на проектот „Заедно во борба против корупција “.
2.3 НАЧИН НА ИСПЛАЌАЊЕ
Плаќањето ќе биде извршено по реализација на планираните активности на експертите, по доставениот образец за временска ангажираност и по доставениот правен речник за новинари.
3.КРИТЕРИУМИ
Квалификации, вештини и професионално искуство
– завршено високо образование според профилот на експертите кои се бараат во повикот;
– спроведени истражувања и публикации од областа на медиумите, корупцијата;
– познавања од законската и правната регулатива и литература во Македонија;
– познавања од поширокиот медиумски контекст во Македонија;
– одлични комуникациски вештини и вештини за тимска работа.
4. НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Пријавувањето се врши со испраќање на пополнета Пријава за изработка на правен речник (Прилог 2), Работна биографија, CV (Прилог 3) и Референци од претходно искуство (Прилог 4).
Комплетните пријави треба да се достават најдоцна до 1ви јуни, 2018, по електронска пошта на community.mediadev@gmail.com или дирекно до Архивата на МЕДИУМ.
Во прилог ги доставуваме Пријава за изработка на правен речник (прилог 2), Урнек на работна биографија (Прилог 3) и Урнек на референци од претходно искуство (Прилог 4).
Прилог 2: Пријава за изработка на правен речник
https://drive.google.com/file/d/1fq2eIny7vnOfDNN9ToOtGpePAy8odR-2/view?usp=sharing
Прилог 3: Урнек на работна биографија
https://drive.google.com/file/d/1-OGF6r3IzPuYjm-Y9lBU81DXjDwRhjyx/view?usp=sharing
Прилог 4: Урнек на референци од претходно искуство
https://drive.google.com/file/d/17oYqsI0frIlVdIHQtq3_7bCTEpNCNRKI/view?usp=sharing
ОВОЈ ПРОЕКТ Е ФИНАНСИРАН ОД ЕВРОПСКАТА УНИЈА
