ПРОЕКТНА ЗАДАЧА АНГАЖИРАЊЕ НА ПРЕВЕДУВАЧИ/ЛЕКТОРИ ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ „ЗАЕДНО ВО БОБРА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА“

 

  1. ВОВЕД
Здружението Центар за развој на медиумите на заедниците МЕДИУМ објавува повик за ангажирање на преведувач/лектор за потребите на проектот „Заедно во борба против корупцијата“.
Проектот „Заедно во борба против корупцијата“ е финансиран од Делегација на Европска Унија, преку ИПА програмата – Инструмент за граѓанско општество и медиуми 2016 – 2017.
Општата цел на проектот e поддршка и зајакнување на локалните граѓански организации и медиуми за да служат како чувари на локалната и државната администрација и вложување на јавен притисок за да се намали нивото на корупција.
Резултати на проектот:
Р1: Зајакнати капацитети на новинарите и граѓанските активисти, посебно претставниците на етничките малцинства во мониторирање и детектирање на корупција, како и известување за неа;
Р2: Подобрување на амбиентот во македонските национални телевизии за продукција и емитување на истражувачки стории;
Р3: Подобрена фактографска обработка на податоци кои покажуваат коруптивни практики на јавни функционери;
Р4: Зголемена продукција на истражувачки стории од страна на локални медиумски работници (новинари) во областа на (анти)корупцијата;
Р5: Зајакнати и препознатливи граѓански организации како кредибилни актери во процесите за борбата против корупцијата;
Р6: Подигната свест за коруптивни практики.
Целна група: Истражувачки новинари, граѓанските организации, Државно обвинителство, Јавно обвинителство, Јавни функционери, Судство, Влада, Државна комисија за спречување на корупција, катастарска агенција, јавноста, Биро за јавни набавки, медиуми, Централен регистар.
Цел на повикот:
Добивање на понуди од сите заинтересирани лица за да се обезбедат услуги за превод/лектура за активности поврзани со проектот „Заедно во борба против корупцијата“.
Рамка на задачите – превод/лекторирање:
– Превод (македонско-албански) и лекторирање (македонска верзија) на публикација: Правен речник за новинари;
– Превод (македонско-албански) и лекторирање (македонска верзија) на публикација: Мониторинг студија на 5 национални телевизии;
– Превод и лекторирање на вкупно 15 истражувачки стории од областа на (анти)корупцијата.
Критериуми за селекција:
– Завршено високо образование;
– Претходно искуство во преведување/лекторирање на публикации (наведени минимум 3 референци);
*Предност ќе имаат кандидатите со најмалку 3 години искуство во превод/лектура.
Начин на пријавување:
Пријавувањето се врши со испраќање на CV, цена за пишан превод или лектура калкулирано по страна, и доставување на минимум 3 референци од претходно искуство за ангажирање на вакви услуги.
*Ве молиме имајте во предвид дека наведената цена треба да го означува бараниот бруто износ по услуга (со персонален данок).
Комплетните пријави треба да се достават најдоцна до 20.08.2018, по електронска пошта на community.mediadev@gmail.com или дирекно до Архивата на МЕДИУМ бул. Браќа Гиноски бр. 61 Гостивар.
ОВОЈ ПРОЕКТ Е ФИНАНСИРАН ОД ЕВРОПСКАТА УНИЈА