Барање за доставување на понуди за обезбедување на услуга – печатење на публикации: проект „Заедно во борба против корупцијата“

Референтен број: 0503-25
Предмет: Барање за доставување на понуди за обезбедување на услуга – печатење на публикации во рамки на проектот „Заедно во борба против корупцијата“
Почитувани,
Центарот за развој на медиумите на заедниците МЕДИУМ, Ве поканува да доставите понуда за испорака на услуги – печатење на публикации за потребите на проектот: „Заедно во борба против корупцијата“.
Проектот е имплементиран од Центар за истражувачко новинарство СКУП Македонија, во соработка со партнерските организации Институт за човекови права од Скопје и Центар за развој на медиумите на заедниците МЕДИУМ. Проектот „Заедно во борба против корупцијата” е финансиран од Делегација на Европска Унија, преку ИПА програмата – Инструмент за граѓанско општество и медиуми 2016 – 2017.
Во прилог на понудата треба да се достави следната документација:
· тековна состојба на добавувачот не постара од една година;
· Прилог 1: Формулар за понуда
· Прилог 2: Изјава од овластеното лице за непостоење на услови за исклучување на добавувач.
Понудата се доставува во затворен коверт во архивата на Центар за развој на медиумите на заедниците МЕДИУМ (бул. Браќа Гиноски бр. 61 1230 Гостивар) или скенирана преку е-пошта
Документацијата која се поднесува во копија треба да е заверена од добавувачот со печат и со потпис од одговорното лице, со назнака „Верно на оргиналот“.
На надворешната страна на ковертот наведете: ,,За тендер Реф. Бр. 0503-25“ и текстот “Да не се отвора пред сесијата за евалуација”.
Доколку понудата се праќа преку e-mail, документите со печат и со потпис, мора да се скенирани.
Понудата треба да се достави во рок од 5 работни дена, но не подоцна од 13.09.2018 година (четврток), до 16:00 часот.
Сите понудувачи кои доставиле понуди и ги исполнуваат условите ќе бидат разгледани од страна на евалуционата комисија и соодветно известени.
Во прилог ги доставуваме Прилог 1: Формулар за понуда и Прилог 2: Изјава од овластеното лице за непостоење на услови за исклучување на добавувач, како и Упатство за оценување и избор на понудувачи.
Прилог 1: Формулар за понуда
Прилог 2: Изјава од овластеното лице за непостоење на услови за исклучување на добавувач
Упатство за оценување и избор на понудувачи
ОВОЈ ПРОЕКТ Е ФИНАНСИРАН ОД ЕВРОПСКАТА УНИЈА