Правен речник/поимник за истражувачко новинарство

Правен речник/поимник за истражувачко новинарство

Во рамки на проектот „Заедно во борба против корупцијата“ Центар за развој на медиумите на заедниците МЕДИУМ изработи Правен речник/поимник наменет за новинарите, уредниците и медиумските работници кои учествуваат во создавањето на новинарски содржини и истражувачки стории чија цел е намалување на коруптивните дејствија.
Речникот содржи 139 дефиниции за правни поими и фрази од македонското законодавство со кои се соочуваат новинарите во секојдневното следење настани или известувања. Воедно, истиот е добра алатка која ќе им послужи на новинарите во нивната работа и во процесот на истражување на корупциски активности.Поимите се стручно дефинирани за да се овозможи полесно препознавање на нивното автентично значење кое произлегува од севкупната рамка на законите и на правниот дискурс.

 

ПРАВЕН РЕЧНИК – ПОИМНИК ЗА КОРУПЦИЈА ЗА ИСТРАЖУВАЧКО НОВИНАРСТВО

Проектот е имплементиран од Центар за истражувачко новинарство СКУП Македонија, во соработка со партнерските организации Институт за човекови права од Скопје и Центар за развој на медиумите на заедниците МЕДИУМ. Проектот „Заедно во борба против корупцијата” е финансиран од Делегација на Европска Унија, преку ИПА програмата – Инструмент за граѓанско општество и медиуми 2016 – 2017.