СРЕДНОШКОЛЦИ ВО ПОСЕТА НА ТЕЛЕВИЗИЈА ГЛОБИ

Младите средношколци од средните општински училишта во Гостивар имаа можност да се запознаат со новинарската работа и начинот на функционирање на локалната телевизија ГЛОБИ.

При обиколката на телелевизија ГЛОБИ, организирана во рамки на проектот „Биди и ти МИП генерација“ присутните средношколци ги дознаа методите и принципите според кои се водат новинарите во својата работа, го проследија процесот на монтирање и режирање, се информираа за постапката на снимање и емитување вести и за начинот на кој истите се дистрибираат до гледачите.

Преку посетата пак, медиумскиот партнер телевизија ГЛОБИ, ја искористи можноста за прикажување на одговорноста на новинарската професија, ги промовираше професионалните новинарски стандарди и практики, а воедно ги поттикна младите да ги употребуваат медиумите како алатка за поголема гласност во јавниот живот.

Проектот „Биди и ти МИП генерација“ го спроведува Центар за развој на медиумите на заедниците МЕДИУМ во рамките на проектот финансиран од Европската унија „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, спроведуван од Фондацијата Метаморфозис и Евротинк – Центар за европски стратегии.