Anti-corruption news in local media / Анти-корупциска вест на локалните медиуми / Lajmi Anti – koruptiv i mediumeve lokale
Јавна дебата за актуелизирање на борбата против корупцијата
ПОКАНА
Почитувани,
Центарот за развој на медиумите на заедниците МЕДИУМ од Гостивар Ве поканува да учествувате на отворена јавна дебата посветена на актуелизирање на борбата против корупцијата. На дебатата ќе биде презентирана проблематиката и трите истражувачки стории подготвени во рамките на проектот „Анти – корупциска вест на локалните медиуми“ спроведуван од страна на Центар за развој на медиумите на заедниците МЕДИУМ Гостивар.
Јавната дебата ќе се одржи на 11.05.2017 година (четврток) во Гостивар во Општинската зграда во салата на Младински совет со почеток во 11 часот.
Проектот се спроведува во рамките на заедничкиот проект „Истражувачко новинарство – чувар на демократијата и човековите права“ на Центарот за управување со промени (ЦУП) од Скопје во соработка со Институтот за човекови права (ИЧП) од Скопје, финансиран од Европската Унија преку програмата за поддршка на граѓанскиот сектор и слободата на медиумите 2014.
Дневен ред:
Проектни резултати:
11:00 – 11:10 Прв излагач: Џелал Незири
11:10 – 11:20 Втор излагач: Лулзим Азири
Истражувачки стории за појавните форми на корупција на локално ниво:
11:20 – 11:40 Прв новинар: Ирена Мулачка
11:40 – 12:00 Втор новинар: Влатко Стојановски
12:00 – 12:20 Трет новинар: Зоран Маџоски
12:20 – 12:45 Дискусија и освежување
Ве молиме потврдете го Вашето присуство и/или присуството на претставниците на Вашата организација/медиум најдоцна до 10 мај 2017, 16:00 часот.
За дополнителни информации Ви стоиме на располагање и преку е-пошта community.mediadev@gmail.com или на телефон 071 709 099.
